Временска прогноза

Променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 22.11.2023

Променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд, започнувајќи од  северозападните делови од земјата. Од пладневните часови и особено од крајот на денот врнежите ќе се прошират, а понекаде ќе има појава на дожд и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој од крајот на денот ќе се менува во северен, а на североистокот ќе засилува.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот променливо облачно со слаб променлив ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и ќе започне да дува северен ветер.

Информации од ова утро: 21.11.2023

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-3 Берово, -1 Скопје – Петровец, Демир Капија, 0 Попова Шапка, Тетово, Битола, Струмица, Прилеп, Велес, 1 Куманово, Штип, Кавадарци, Крива Паланка, 2 Охрид, Скопје – Зајчев Рид, Маврови Анови, Гевгелија, 3 Крушево, 4 Претор, Виница, 6 Дојран.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стабилно, сончево со локална облачност – Временска прогноза за 14.6.2026

meteo

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 13.6.2026

meteo

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи – Временска прогноза за 12.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе