Променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд, започнувајќи од северозападните делови од земјата. Од пладневните часови и особено од крајот на денот врнежите ќе се прошират, а понекаде ќе има појава на дожд и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој од крајот на денот ќе се менува во северен, а на североистокот ќе засилува.
Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот променливо облачно со слаб променлив ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и ќе започне да дува северен ветер.
Информации од ова утро: 21.11.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-3 Берово, -1 Скопје – Петровец, Демир Капија, 0 Попова Шапка, Тетово, Битола, Струмица, Прилеп, Велес, 1 Куманово, Штип, Кавадарци, Крива Паланка, 2 Охрид, Скопје – Зајчев Рид, Маврови Анови, Гевгелија, 3 Крушево, 4 Претор, Виница, 6 Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo
