Спорт Фудбал

Бразил се кандидира за женскиот Мундијал во 2027 година

Бразилската фудбалска асоцијација испрати до ФИФА писмо со намери за евентуална организација на Светскиот куп во женска конкуренција што ќе се одржи во 2027 година.

Министерот за спорт Андре Фуфука го искористи присуството на првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино на финалето од Копа Либертадорес што вчера се одржа во Рио де Жанеиро и ја најави можната кандидатура за домаќин на претстојниот Мундијал.

Ова е трета кандидатура за организација на шампионатот откако Германија, Белгија и Холандија покажаа интерес да бидат организатори на турнирот, а претходно писмо со намери испратија националните асоцијации на САД и Мексико.

Наскоро се очекува во трката и официјално да се вклучи Јужна Африка што значи дека конкуренцијата ќе биде жестока, а конечната одлука ќе биде донесена на конгресот на ФИФА што ќе се одржи на 17 мај следната година.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Усик и Фјури на нов меч во Декември

Дејан Дејан

Ракометарите ги добија противниците за СП

Дејан Дејан

Одбојкарите безбедно слетаа во Скопје: Посилни сме од громовите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе