Вести Економија Македонија Топ вести

За една година скопјанец пријавил приход од 7,25 милиони евра, трговец со цигари имал најголема плата

Најголемите приходи и плати се вртат во Скопје, потврди денеска УЈП на редовната годишна прес-конференција за оданочените приходи остварени лани.

Најголем бруто доход остварен преку повеќе извори на даноци пријавил жител на Скопје кој во годишната даночна пријава до УЈП впишал заработка од 446 милиони денари годишен бруто доход. Односно пред оданочување пријавил доход од околу 7,25 милиони евра.

Највисока годишна бруто плата во 2022 година исплатена е на граѓанин од Скопје во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари, односно околу 2,35 милиони евра. Неговата месечна плата била по 12.000.000 денари или речиси заокружено, 200 илјади евра.

Во Топ 10 лични доходи пријавени во УЈП се вработени или сопственици во ондустрија за производство на вино, компјутерско програмирање, болници, индустрија на метални производи.

Како што информира директорката на УЈП Сања Лукаревска, највисокото лично примање по основ на извршена работа го пријавил граѓанин од Скопје и изнесува 280,6 милиони денари на годишно ниво, а доходот е остварен во странство. Или даночниот обрзник пријавил заработка над 4 и пол милиони евра.

На врвот на листата за исплата на највисок доход од самостојно вршење дејност повторно се скопјани, а највисокиот износ е 61,9 милиони денари односно нешто повеќе од милион евра.

Во 10- топ рангирани на листата за доходи исплатени за самостојно вршење на дејност се  адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија и од дејноста производство на амбалажи од хартија.

Самостојните приходи од земјоделството се пониски па така највисокиот доход, не од производство, туку од продажба на земјоделски производи е во износ од 18,9 милиони денари (малку над 300.000 евра), а ја остварил жител на Скопје.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе