Вести Економија Топ вести

Вработените во „Еуроникел“ добиле пола плата – ако до денеска попладне не ја добијат цела, утре ќе ја блокираат фабриката

Синдикатот на Еуроникел Индустри најави блокада на фабриката в четврток, во пет часот и 35 минути, ако до денеска до 15 часот нема позитивен одговор за исплата на плата, набавка на струја за печката и продолжување на производството.

Синдикалната Организација е крајно незадоволна и загрижена. Ако не се исполнат нашите барања, ќе се блокира влезот на фабриката и никој нема да биде пуштен да влезе до решавање или одговор на прашањата кои се крајно загрижувачки, рече за МИА, претседателот на Синдикатот, Миле Ѓорѓиев.

Тој информираше дека вчера на барање на раководството на Синдикалната организација на Еуроникел Индустри се одржала средба со директорот и раководството на Еуроникел Индустри и Синдикатот побарал одговор на повеќе прашања. На прашањето зошто не се исплатила септемвриската плата во целост како што било договорено и ветено од страна на директорот, одговорот бил, дека, бидејќи еден дел бил задржан со извршно решение, а друг дел бил исплатен под закана дека ќе го прекинат доводот на електрична енергија доколку не се исплати.

– Добивме одговор дека септемвриската плата ќе се доплати кога ќе има средства, но без одредена дата. Потоа се постави прашањето до каде е барањето на нов партнер. Овде одговорот беше дека во рок од 30 дена ќе се решело што и како понатаму, а нема одговор како ќе се преживеат тие 30 дена. За нас како Синдикат очигледно е дека сопственикот сака да ја продаде фабриката, само не може да се договори за цена со потенцијалниот инвеститор. Директорот ја демантираше оваа констатација и на прашањето дали има конкретна понуда за преземање на компанијата од заинтересиран инвеститор вели дека сè уште нема таква понуда – што значи дека сакаат да ја продадат фабриката, соопшти Ѓорѓиев, додавајќи дека на средбата немало одговор на прашањето од каде ќе има пари за октомвриската плата, за струја за печката и за тековно одржување на фабриката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе