Вести Економија Топ вести

Над 200 објекти без парно на вториот  ден од грејната сезона – дефекти во внатрешните инсталации за кои се одговорни потрошувачите

Над 200 објекти без парно на вториот  ден од грејната сезона. Последно утринава  поголем проблем се јави во Кисела Вода поради кој  дел од општината остана без грееење. Од ЕСМ објаснуваат дека во многу  објекти нема испорака на топлинска енергија поради дефект во внатрешните инсталации, кои се одговорност на самите потрошувачи.

  • Во 21 објект имаше прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 49 објекти екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаа пристап до топлинската станица и 140 објекти беа оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење, заради дефект во внатрешната инсталација на објектот.

Но, кога ќе биде поставен новиот топловод на мостот Беласица и натаму неизвесно. На прашањата на Телма дали тоа ќе се направи до крајот на годинава и зошто до почетокот на грејната сезиона не беа направен сите потреби работи, од ЕСМ со сличен допис како и претходните недели- активно се работело на проблемот и постојано биле во комуникација со Град Скопје под чија надлежност е мостот.

Поради тоа што не е поставен, ниту регуалаторите не се во можност да донесат нова цена за греењето. Од таму цврсто стојат на ставот дека тоа ќе го направат кога работата ќе се заврши.

Во моментов за испорака на топлинска енергија, се употребува алтернативниот вод на железничкиот мост, а греењето ќе се плаќа по стара цена. Но, тие цевки се со помал капацитет и низ нив  може да се испорачаат помали количини од поевтината  енергија  на ТЕТО.

Регулаторна  претходно  неколку  пати побара надлежните на време да ја зваршат работата, за да може целосно да се користи топлинската енергија од когенеративната централа, затоа што е три пати поевтина од онаа на другите топлани, но и да можат да донесат нова цена.  А ако тоа не се случи РКЕ ќе смета како  да работи топловодот, зголемените трошоци за топлинска енергија ќе паднат на ЕСМ и нема да бидат признаени од РКЕ.

Топловодот беше оштетен пред повеќе од четири  месеци, кога мостот Беласица  беше зафатен од голем пожар. Цевките се набавија, но наместо да се постават, Градот Скопје и ЕСМ со недели се препукуваа кој треба да ја заврши работата.

Хаваријата на мостот Белација се случи речиси по едне месец откако ЕСМ доби нов директор. На местото на Васко Ковачевски,  дојде Васко Стефанов, кој не многу е присутен во јавноста.  Главната комуникација со медимите се сведува на дневни соопштенија од компанијата.

ЕСМ минатата грејна сезона освен струја,  доби задача да го менаџира и парното греење, кое го користат околу 60 илјади домаќинства.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе