Вести Економија Топ вести

Пазарна затвора објекти од бизнисот се жалат дека казните се ригорозни

Откако пазарните инспектори викендов  ставија клуч на врата на неколку маркети, затоа што не ја почитувале владината одлука за поевтинувањето, денска од Стопанската комора се пожалија на ригорозна казнена политика од државата. За бизнисот надлежните не оставиле доволно простор и време  да се подготват за одлуките. Имало многу артикли кај кои требало да се направи корекција, но не и време. Велат, дека затворањето на никого не му носи бенефит и се надеваат дека недостатоците ќе бидат отстранети.

Минсистерот  Бектеши пак возврати, имале доволно време да се подготват за измените.

Бектеши објави и дел од имињата на големите ланци маркети кои поради непочитување на владината одлука, викендов беа затворени од пазарна.

Од пазарниот инспеткорат велат дека маркетите кај кој биле регистрирани пропости ќе бидат затворени пет дена. Направени биле  50 тина контроли, затворени пет трговски објекти. Тие не ја почитувале владината одлука да ги намалат цените на 25 производи за 10 отсто во однос на цените од први август.

Утре на владина седница ќе се одлучува  и за намалувањето на цените и на пијалоците.

Во текот на летото цените на производите значително се зголемија. Граѓаните најповеќе се жалеа на поскапувањето на зеленчукот и овошјето. Властите одлучија да донесат мерки против поскапувањето, за кои од ССМ се изјаснија дека се задоцнети. За граѓаните пак поевтинувањето од 10 отсто е мало, во споредба со тоа колку цените претходно беа зголемени.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе