Вести Економија Најважни

Околу 50 прехрамбени производи поевтинуваат за 10 отсто, на акција само алкохолните и безалкохолните пијалоци

Околу 50 тина прехрамбени производи од следната недела со пониски цени за  околу 10 отсто, а на акција ќе можат да се продаваат само пијалоци. Најголем дел од производите чии цени ќе се намалат се со ДДВ од 5 проценти. Големите ланци маркети се договорија со министерот за економија. Основа за намалување ќе биде една од цените од претходните месеци, но од кој точно Бектеши не прецизираше. Одлука за замрзување на цените ќе се донесе во вторник на владина седница, а веќе од среда пазарните инспектори ќе прават проверки на терен.

  • Очекувам уште за време на викенд  да направат подготовки и тоа би требало да се направи и за намалување на цените да не се чека среда,  зошто да не почнат и за време на  викенд  да се намалуваат, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

Во маркетите на акција ќе можат да бидат само алкохолните и безалкохолните пијалоци. Останатите производи нема да може да се продаваат на ваков начин. Одлуката  веќе се донесе на владина седница. Ќе важи до 30 ноември. Се прават и измени во законот за ДПИ со кои пазарните инспектори ќе можат веднаш да го затворат објектот, ако не  ги почитува одлуките.

  • Ќе има затворање од страна на ДПИ, ако не се почитуваат, иако не сакаме тоа да се случи, но ако има неправилности ќе го сториме тоа, вели Горан Трајковски, директор на Државен пазарен инспекторат.

Дополнително ќе се носат и мерки за производителите и дистрибутерите. А ќе има и ново законско решение за нефер трговски практики, со кои се укинуваат над 20 отсто од одредени давачки во синџирот на трговија. Сепак, дел од коморите сметаат дека ако е потребно да се носат мерки,  подобро тоа да бидат ограничени маржи, а не замрзнати цени.

  • Поголем дел од  вредноста на еден производ ја формира цената на работната сила, а таа расте побргу од стапката на БДП и со замрзнување на цената може да дојде влезните параменти да ја надминат продажната цена на производот, вели Орце Симов, од ССК.

Цените кај нас се зголемиле за 46 отсто, во Европа за само 11 проценти. Поради тоа се отвара сомнеж дека кај нас постои картелско договорање при формирање на цени.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе