Кошарка Спорт

Шредер беше нерешлива енигма за Србија: Германија го освои Светското првенство во кошарка

Германија за прв пат во својата историја дојде до златниот медал Светското првенство во кошарка, што изминатите недели се одржуваше во Јапонија, Индонезија и Филипини. Во големото финале одиграно денеска во Манила, Германците ја совладаа Србија со 83-77 и останаа со перфектен ефект цел турнир.

По изедначеното прво полувреме во кое двете репрезентации се менуваа во водството, одлучувачка беше третата четвртина. Германците имаа серија од 9-0 за да дојдат до предност од +11. Србија одговори во последната четвртина и намали на само два поени разлика, но не погоди кога најмногу требаше. Имаше и неколку грешки во нападот, па Германија издржа до победа од 83-77 за најголем успех во историјата.

Денис Шредер беше нерешлива енигма за Србите, бидејќи постигна 28 поени, а беше на висина на задачата во клучните моменти од натпреварот. Имаше голема помош и од Франц Фагнер со 19 поени. Кај Србија, Алекса Аврамовиќ постигна 21 поен.

Бронзниот медал на Мундобаскетот го освои Канада, која во малото финале ги совлада САД со 127-118 по едно продолжение.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе