Спорт Фудбал

Манев: Ќе дадеме се од себе да стигнеме до позитивен резултат против Италија

Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за претстојните квалификациски дуели за пласман на Европското првенство. Прв противник ни е репрезентацијата на Италија која пред повеќе од една година успеавме да ја совладаме во Палермо и да ја елиминираме од баражот за настап на Светскиот куп.

“Играме против селекцијата на Италија на која никој не може да и се заканува. Фудбалски е да се надеваме на позитивен резултат и сигурен сум дека секој од соиграчите ќе го даде максимумот за да постигнеме позитивен резултат. Целосно сме фокусирани на натпреварот против Италија, веруваме дека можеме да направиме изненадување бидејќи во спротивно нема што да бараме. Одиме натпревар по натпревар и секој нов настап е и нов предизвик за сите во националниот тим”, изјави Јован Манев.

Дуелот против Италија се игра в сабота на арената Тодор Проески и почнува во 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе