Според пишувањето на италијанските медиуми преговорите за продолжување на соработката меѓу Наполи и Квича Кварацкелија се прекинати.
Младиот грузиски репрезентативец по блескавата сезона е цел на повеќе клубови од Европа и поради тоа во редовите на италијанскиот шампион се обидуваат да го продолжат договорот се со цел да го задржат на подолг рок.
Неофицијално соработката треба да се продолжи на дополнителни две години и договорот би важел до 2029-тата, а се предвидува и зголемување на платата од сегашните 1,4 милиони на пет милиони евра по сезона.
Менаџерот на Кварацкелија во саботата требало да се сретне со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, но тој не се појавил на состанокот и наместо првиот човек се појавил главниот скаут Маурицио Мичели.
Поради овој потег на Де Лаурентис, Мамука Јогели решил да ги прекине разговорите кои се очекува да продолжат по паузата за одигрување на квалификациските натпревари.
ФОТО: Игор Паневски