Кошарка Спорт

Кошаркарите немоќни против Израел: Убедлив пораз на стартот во Талин

Македонската кошаркарска репрезентација загуби од Израел со 65-86 во првото коло на претквалификацискиот турнир што се одржува во Талин за пласман на Олимписките игри во Париз 2024 година. Нашиот тим беше немоќен да му се спротивстави на фаворитот, па шанса за подобар резултат ќе бараме на следните два натпревари.

Подмладената Македонија во ниту еден момент од натпреварот не беше закана за Израел, кој постепоено го градеше водството. На полувремето беше 38-47 за противникот, но лошата трета четвртина на Македонија значеше и убедлива негатива. Па по три четвртини веќе губевме со 21 поен разлика. Во финишот Израел поведе и со +29 поен, но потоа подзастана што и дозволи на Македонија да направи серија и да ја намали негативата за конечни 65-86.

Ти Џеј Шортс очекувано беше наш најдобар играч со 22 поени, а Андреј Магдевски имаше 11. Кај Израел најдобар беше Роман Соркин со 21 поен.

На првиот натпревар во нашата група денеска, Чешка ја совлада Естонија со 77-74. Во второто коло утре, Македонија се среќава со домаќинот на турнирот Естонија со почеток од 18 часот, додека во последното коло во вторник играме и со Чешка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе