Вести Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 30.6.2023

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 17°C, а максималната од 26 до 33°C. Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

6 Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Лазарополе, 10 Крушево, 12 Берово,  Крива Паланка, 13 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Виница, Куманово, 14 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Кавадарци, 15 Демир Капија, 16 Претор,  Струмица, Дојран, 18 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

6 Куманово, 5 Крива Паланка, 4 Тетово, Дојран, Берово, 3 Попова Шапка, Штип, 2 Скопје-Зајчев Рид, Пожаране, Виница, 1 Претор, Охрид.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украдена биста од гробно место на градските гробишта Бутел

Tea Dimkovska

„Зелен хуман град“ предупредува дек најавените дата-центри може да донесат дополнително загадување преку согорување отпад

Tea Dimkovska

Претседателката Сиљановска порача: Да се европеизираме преку Копенхашките критериуми, а не преку решавање историски спорови

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе