Вести Македонија Најважни

Од кафе и вода, до болнички кревет на неодредено – битолчанец на Токсикологија откако испил корозивна течност

Седнал на кафе и вода, а завршил во болнички кревет на неодредено време. Познат локален бизнисмен од Битола е примен на Токсикологија и сега е во стабилна состојба, но со сериозни оштетувања на органи. Чаршијата зборува за овој случај обвиткан во мистерија – нејасно е како човекот се затрул во угледен кафе-ресторан кој не е во центарот на градот, но е прочуен меѓу локалците. Станува збор за 42-годишен пациент, кој на Токсикологија е примен пред три дена.

„Анамнестички покажува податоци дека пациентот бил во некое кафуле и инцидентно му е дадено корозивно средство. Кај нас е донесен свесен и контактибилен, сега е на интензивно лекување и се опсервира. При првите направени прегледи коишто се направени ендоскопски, гледаме дека се работи за оштетување на хранопроводот и желудникот. Ќе видиме во наредните денови како ќе се движи состојбата“, изјави доктор Ридван Бајрами, директор на УК за токсикологија.

Случајот е пријавен во полиција во вторникот, околу 15 часот и 30 минути. Неговата сестра пријавила дека на пациентот му се слошило, откако испил кафе и вода во угостителски објект во Битола, по што најпрво бил примен во битолската болница.

„Според пријавеното, А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, а откако ја испил течноста му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Пациентот сега е постабилен од првите 48 часа, велат докторите. Почнал да голта, но бидејќи се работи за корозивно средство коешто го конзумирал, компликациите сега се акутни и хронични, објаснуваат од Клиника. Тој подолго време ќе остане во болнички кревет за да се рехабилитира.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе