Вести Македонија Топ вести

Соња Шукова, Манолева, Јајага – нови членови на Владата

Државната секретарка во Министерството за животна средина, Каја Шукова, ќе биде кандидатка за министерка во истиот ресор. Ова е едно од новите кадровски решенија на СДСМ откако коалициските партнери одлучија оваа функција да премине од ДУИ кај СДСМ.

Според информации на Телевизија Телма, директорката на Институтот за физикална медицина и рехабилитација, Маја Манолева, ќе биде предложена за заменик министер за здравство, a дебарчанецот Тирон Јајага, од советник ќе стане заменик министер за одбрана. Претходните денови веќе имаше информација дека инфектологот Фадил Цана ќе биде министер за здравство а Кренар Лога – за правда. Арбен Таравари синоќа доби поддршка од Централното претседателство за влез во Влада. Ќе има уште едно министерско место – во Информатичко општество ако Алтернатива ја напушти Владата или вицепремиерското место на Фатмир Битиќи. Ќе пополнат и заменичко место во Земјоделство како и повеќе директорски позиции.

За ротациите и новите кадровски решенија виза даде и Централниот одбор на СДСМ. Премиерот Ковачевски се уште тактизира со поднесувањето на предлогот до Собрание, што е потврда дека може да има измени и нови договори до последен момент.

Неизвесно останува колку пратеници ќе ја гласаат оваа реконструкција. Алтернатива не се изјаснува. Од самиот почеток се против вклучувањето на Алијанса, бидејќи тоа води кон намалување на нивните министерски и директорски места. Партијата нема одлука за напуштање на Владата, но може да ја донесе секој момент, а од тоа зависи како ќе гласаат тројцата пратеници.

И двајцата „огнени“, Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику се против. Паралелно, тие подгреваат сомнежи дека истомисленици со нив се и независните Кастриот Реџепи и Скендер Реџепи Зејд, но и дека ќе им се придружи уште некој од ДУИ.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе