Вести Економија

Оризопроизводителите се закануваат со нови блокади

Кочанските оризопроизводители разочарани зошто ветената исплата на трите денари по предаден килограм оризова арпа сѐ уште не им се исплатени. Повторно се заканија на блокада на регионалниот пат кај Облешево, но овојпат и на новиот експресен пат Штип-Кочани.

Оризопроизводителите за дваесетина дена ќе почнат со подготовки на нивите за сеидбата. Потребни им се пари за да вложат во производството. Сметаат дека годинава поради ниската откупна цена оризот ќе биде посеан на околу 3.000 хектари или една третина помалку од површините. Тие ќе бараат и нова производна цена.

Кочанските оризопроизводители побараа и посериозен пристап на институциите при набавката на семенскиот материјал.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе