Вести Економија Македонија

ЕСМ и натаму тврди дека Макпетрол имал повисока цена за природен гас

Од ЕСМ со реакција: Макпетрол имаше повисока цена за природен гас во споредба со другиот понудувач во моментот на носење на одлуката за избор.

До 31-ви февруари 2022 на сите повици на ЕСМ Енергетика пристигнуваше единствено понуда од Макпетрол и истата се прифаќаше без оглед дали понудената цена беше повисока од тековните цени на берзата, велат од ЕСМ.

Со потпишување на Договорот меѓу Македонија и Бугарија се отвори можност и други снабдувачи со природен гас да поднесат понуди.

Според ЕСМ, во моментот на носење на одлуката за избор на најповолна понуда за набавка на природен гас за јануари 2023 год, во постапката спроведена од страна на ЕСМ Продажба, цената понудена од Балкан Јутилитис од 115,97евра за мегават час, беше пониска од цената понудена од Макпетрол од 116,20 eвра за мегават час.

Во тој момент цената на берзата изнесуваше 137 eвра за мегават час.

ЕСМ Продажба во следните денови ќе спроведе јавен повик и постапка за набавка на природен гас за февруари 2023г, на кој го повикува и Макпетрол и другите лиценцирани снабдувачи и трговци со гас да достават понуди со што пониска фиксна цена, се вели во соопштението од ЕСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе