Вести Економија Топ вести

ТЕЦ Неготино, сепак, поефтина од струјата набавена од ЕСМ

Седумдесет и пет отсто од потребите на домашниот регулиран пазар во минатата недела беа покриени со домашно производство додека за останатите 25 отсто, ЕСМ мораше да набавува струја, покажуваат официјалните пресметки на компанијата. Ова се должи на дотраеноста на домашните производствени капацитети кои често се во дефект или, пак, се ремонтираат за да се продолжи нивниот работен век.

Поради недостатокот на производство, ЕСМ плати 19 милиони евра за набавки на струја, а ќе се набавува и во декември, но сето тоа нема да влијае врз цената на струјата која ќе ја плаќаат граѓаните, тврдат од раководството.

Колку ќе се набавува струја допрва ќе се утврдува бидејќи од 1 декември под капата на ЕСМ продажба одат над 500 субјекти за кои треба да се обезбеди струја и за кои сè уште се пресметува колку трошат. Првичниот план е 48 гигавата за кои веќе се обезбедени 25 милиони евра.

Интересно е што и покрај тврдењата на сите надлежни дека ТЕЦ Неготино е економски неисплатливо да работи поради високата цена на мазутот и дека е поефтино да се купува, на крајот се испостави дека струјата произведена во термолектраната, сепак, била поефтина од просечната цена на мегават час која ја плати ЕСМ во набавките за овој месец.

Според последните најави, термоелектраните Осломеј и Неготино стартуваат со производство од 4 декември кога ќе бидат приклучени на мрежата. За термоелектраните има доволно залихи на јаглен и мазут, а веќе е договорена испорака на нова количина на јаглен од Грција со што би се осигурал производствениот процес.

Надлежните се децидни, набавките на струја за задоволување на домашниот регулиран пазар нема да ја покачат цената на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари идната година.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Кармина Бурана“ е почеток на долга соработка – рекоа од македонската, софиската филхармонија и грчкиот оркестар пред вечерашниот настап

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

Дејан Дејан

СДСМ: Чекањето на границите со ЕУ е огледало на политиката на Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе