Вести Македонија

Фатена 9-члена група дрвокрадци од Арачиново и Чучер Сандево со дрва вредни 4.000 евра

Во планинското село Брест, во близина на границата со Косово се уапсени 9-мина дрвокрадци на возраст меѓу 20 и 52 години. Граничната полиција и ЕБР заплениле на две локации околу 54 кубни метри дрва (пазарна вредност околу 4.000 евра).

Запленетото меѓу кое има и 4 камиони, три трактори, пили и секири е предадено на шумската полиција. Уапсените ќе добијат соодветни кривични пријави.

Нелегалната сеча и кражба на дрва за огрев со години е проблем, а оваа година поради енергетската криза, состојбата дополнително се влоши. Цената на дрвата за огрев скокна од 3.200 денари лани на 4.500-5.000 денари за почнатата грејна сезона.

Граѓаните кои се одлучиле да штедат на сметките за струја, се префрлаат на дрва псобено во селските и приградските населби. Зголемената побарувачка носи поголеми активности на шумската мафија и поголем профит од криминалот.

Сличен случај откри полицијата и во прилепско каде се уапсени 5-мина млади дрвокрадци (19 до 23 години возраст). И ним им се одземени украдените дрва и старите возила кои ги користат за транспорт на огревната дрвна маса од опустошените шуми.

Како цената на огревно дрво скокна од 3 на 5 илјади денари за метар- паника меѓу корисниците и малку работници, објаснува директорот на ЈП „Национални Шуми“

Соопштение на МВР за Брест, скопско:

На 02.11.2022 околу 09.00 часот во атарот на с.Брест, скопско, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и Единицата за брзо распоредување при МВР ги лишиле од слобода А.Ј.(20) од с.Арачиново, А.А.(21) од с. Арачиново, С.А.(52) од с.Чучер Сандево, Р.Ј.(23) од Скопје, Н.А.(23) од с.Чучер Сандево, С.С.(28) од с.Арачиново, Ј.А.(20) од с.Чучер Сандево, Х.А.(29) од с.Арачиново и Г.С.(28) од с.Арачиново. Тие биле затекнати при вршење на кривично дело „пустошење на шума“, при што од нив биле одземени трактор без регистарски таблички, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А., натоварено со околу 11 кубни метри огревни дрва, неколку моторни пили и секири. Исто така, во истото време на место викано „Раштански бачила“, по преземени мерки, полициски службеници пронашле три товарни моторни возила, два трактори и др., натоварени со околу 43 кубни метри огревни дрва. Одземените предмети биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Соопштение на МВР за Беловодица, прилепско:

Полициски службеници од СВР Битола-ПСОН Прилеп денеска 03.11.2022) на место викано Беловодица, Прилеп ги лишиле од слобода И. Р. (21), С. Ќ. (23), Е. К.(23),Е. М.(19) и Е. Р. (23), сите од Прилеп, кај кои биле пронајдени нелегално сечени огревни дрва. Пет возила и дрвната маса се одземени и по документирање на случајот ќе следува кривична пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здруженија за заштита на животни организираат протест пред МВР

Дејан Дејан

Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица

Дејан Дејан

Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе