Вести Економија

Истрагата покажа дека се уништени 250 метри од гасоводот Северен тек 1

Еден крак од гасоводот „Северен тек 1“  е уништен во должина од околу 250 метри во експлозија на крајот на септември, соопшти денеска операторот, пренесува ДПА.

Според прелиминарните резултати од истрагата, има два кратери на морското дно, секој длабок 3-5 метри, соопшти денеска компанијата Nord Stream AG. Тие се наоѓаат на околу 248 метри оддалеченост еден од друг.

„Делот на цевката меѓу кратерите е уништен, радиусот на дисперзија на фрагменти од цевката е најмалку 250 метри“, соопшти компанијата.

На крајот на септември беа откриени четири истекувања во гасоводите Северен тек 1 и 2 по експлозиите во близина на островот Борнхолм во Балтичкото Море, по две во данската и шведската ексклузивна економска зона.

ЕУ и НАТО, меѓу другите, претпоставуваат дека се работи за саботажа.

Двата гасоводи минуваат од Русија до североисточна Германија. Работењето на гасоводите стана многу чувствителна политичка тема со почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе