Вести Економија Топ вести

АД ЕСМ ќе набави природен гас од Макпетрол за топланите Исток и Запад

АД ЕСМ ќе набави природен гас од Макпетрол за топланите Исток и Запад за периодот 01-15 ноември и за КОГЕЛ во подружница Енергетика за периодот 01-30 ноември.  Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за месец ноември, за истата не е извршена набавка од АД ЕСМ.

Фирмата PGO извести дека не е во можност да почне да испорачува од 1 ноември, туку од 15 ноември, што дополнително ќе подлежи на нова понуда.

За понатамошниот период ќе се побараат нови понуди од заинтересираните фирми за снабдување, и тоа за топланите Исток и Запад, за КОГЕЛ во Енергетика и за евентуално ангажирање на приватната гасна електрана ТЕ ТО од страна на АД ЕСМ.

Во следните денови, ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе потпише и договор со ТЕ ТО за месец ноември за преземање на топлинската енергија од оваа електрана, која ќе треба да влезе во системот на топлинска енергија за градот Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе