Вести Македонија

Крадци го ограбиле Домот на АРМ во Скопје, украдени телевизор и кафемат

Скопскиот Дом на АРМ предминатиот викенд „настрадал“ во разбојничка кражба. Иако се наоѓа во центар на главниот град, а има и чуварска служба од припадници на Армија, земја членка на НАТО, разбојниците се прекачиле и влегле преку терасата на објектот.

Според информациите на Телма, биле украдени повеќе работи од ресторанот кој се наоѓа на вториот кат. Однесен бил телевизорот од ресторантската сала, цредниот професионале кафемат, но и други работи.

Од МВР не ја објавија кражбата во дневните билтени за 16-ти или 17-ти октомври, а денеска на прашања на Телма ја потврдија кражбата и дека се уште водат истрага.

-На 16.10.2022 во 01.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“Македонија“ во ДОМ на АРМ од страна на непознати сторители насилно била отворена вратата од терасата, било влезено внатре и извршено било претурање во просторија во ресторанот. Се работи на расчистување на случајот, одговорија од МВР.

Од Министерството за одбрана пак ни одговорија дека е проценета материјалната штета од кражбата, со тврдење дека чуварската служба спречила поголем грабеж.

-На 16.10.2022 во 01.00 часот во Домот на Армијата, непознати сторители насилно влегле преку тераса на објектот во просториите на ресторанот на Домот на Армијата, при што е извршена кражба на предмети во вредност од околу 1000 евра. Благодарение на брзата реакција на чуварската служба во Домот на Армијата не е направена поголема штета. Полицијата го расчистува случајот, одговорија од Министерството за одбрана.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе