Министерката за образование Весна Јаневска вели дека наставниците во земјоделското училиште во Битола, не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат да се запишат повеќе ученици.
Во прва година се запишале само три деца, кои поради малиот интерес сега ќе треба да се запишат во друга струка.
„Наставниците не се потрудија да обезбедат деветооделенци кои ќе учат во тоа училиште кое е најстаро и има запишано само три ученици во прва година, а станува збор за Пелагонија каде што земјоделието треба да се развива“, рече Јаневска.
Таа најави дека ова ќе придонесе за префрЛување на струката и наставнциите во Регионалниот центар во Битола.
„ Ние не можеме да дозволиме парарелка со три ученици да постои. Тие ќе продолжат да работат како втора, трета и четврта година, а од следната година земјоделската струка ќе се префрли во Регионалниот центар како што и планираме“, рече Јаневска
За запишаните деца, таа рече деќа ќе треба да се запишат во друга струка.
„Ги изневерија учениците, требаше да си соберат ученици, да промовираат во 9 одделнија, да направат некаков тип на сензабилизација, но тоа не го направија и ги доведоа овие три ученици во заблуда“, рече таа.
Според Јаневска, струката ќе се префрли во Регионалниот центар во кој како што рече се вложени многу средства. Таму ќе се префрлат и наставниците.
Во однос на зградата која е во држвана сопственост, дополнително ќе се одлучува што ќе се прави со неа.
