Вести Македонија Топ вести

ДИК ќе им префрли пари на 11 блокирани општини за членовите на ОИК и ИО за локалните избори

Државната изборна комисија донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и на членовите на избирачките одбори за локалните и повторените избори во 11 општини кои имаат блокирани сметки.

Станува збор за 107.201.924 денари за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и Зрновци, а средствата ќе бидат префрлени на наменските сметки на општините за локалните избори.

Како што објасни претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, средствата на Државната изборна комисија ѝ се префрлени со одлука на Владата.

Локалните избори во земјата се одржаа на 19 октомври, а на 2 ноември 2025 година се одржа вториот круг. Повторени избори имаше во четири општини, меѓу кои и Гостивар, на 11 јануари годинава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе