Овој состав на Антикорупциската комисија уште во 2023 година не ја искористи можноста да биде гласноговорник на системските пропусти во борбата против корупцијата, изјави Снежана Камиловска од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Најголемата предност на претходната комисија беше тоа што беа гласни, што ја известуваа јавноста за реалните проблеми. Не е ДКСК сама по себе институцијата која што треба само да казнува за корупција. Таа едноставно треба да алармира за системски пропусти. Гледаме дека сè повеќе и овој состав, со изменети членови или вака како што функционира, не е доволно гласен за јавноста да биде запозната што се реалните системски пропусти и каде државата треба навистина да се фокусира и на кој начин за одредени слабости да се пренабрегнат“, смета Камиловска.
Дополнително на сето тоа, продолжи таа, е исклучително нискиот процент на сопствени иницијативи за отворање на предмети.
„Тоа дополнително влијае негативно на нивниот рејтинг“, додаде Камиловска.
С.Д.
