Вести Свет

ОАЕ тврди дека се брани од ирански беспилотни летала и ракетни напади, но Техеран ништо не коментира

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати вели дека се брани од „напади со ракети и беспилотни летала што доаѓаат од Иран“, но Техеран сè уште ништо не коментирал.

Официјални лица велат дека напад со беспилотни летала предизвикал голем пожар во нафтеното пристаниште на ОАЕ во Фуџаира.

Изгледа дека можноста за обновена воена конфронтација меѓу Иран и САД се зголемува, бидејќи ОАЕ се соочија со неколку ракетни напади.

Како што беше објавено претходно, емиратот Фуџаира во ОАЕ вели дека избувнал пожар во голем нафтен комплекс по нападот со ирански дрон, при што три лица се повредени.

ОАЕ ги опишаа иранските напади како опасна ескалација. Тоа сигурно го прекина затишјето во нападите откако започна прекинот на огнот меѓу САД и Иран.

Тоа примирје сега се чини дека е сè повеќе загрозено, бидејќи Техеран покажа подготвеност да одговори на напорите на САД да ја прекине блокадата на Ормутскиот теснец.

Израелските одбранбени сили велат дека внимателно ја следат ситуацијата во Заливот. „Нашите системи за воздушна одбрана и офанзивни капацитети остануваат во состојба на висока подготвеност, што не се променило откако стапи на сила прекинот на огнот“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, од САД пристигнуваат информации дека разорувачи на морнарицата и трговски бродови под американско знаме пловеле низ Ормутскиот теснец, а Иран тврди дека ова е „сосема лажно“.

Да потсетиме дека вчера, Трамп рече дека САД ќе почнат да им помагаат на заглавените бродови да излезат од бродската лента, станува збор за околу 20.000 морнари на 2.000 бродови кои што се заглавени откако започна војната меѓу САД и Иран во февруари.

Иранската војска вели дека испукала предупредувачки истрели кон американски воен брод – претходно, а САД ги негираат тврдењата на иранските државни медиуми дека ирански ракети погодиле американски брод.

Товарски бродови од Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати известуваат дека биле погодени во теснецот денеска, засега нема пријави за повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пониски придонеси, прекини во стажот и работа за странство – МАПАС ги објаснува причините за мали пензии по изјавата на гувернерот која ги вознемири граѓаните

Sasko Dimovski

Два активни и еден изгаснат пожар – гори во штипската населба Света Недела и во село Матејче

Sasko Dimovski

Барселона го постави знамето на виножитото за почеток на прославите на гордоста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе