Вести Македонија

Фолклорната насока во Битола ќе запишува ученици секоја втора година, соопшти Јаневска

По реакциите на родителите, министерката за образование Весна Јаневска соопшти дека фолклорната насока во Државното музичко училиште во Битола не се укинува, туку ќе запишува ученици секоја втора година. Таа не прецизираше кога е донесена ваквата одлука, но одговорот следи по јавните реакции, откако во конкурсот за упис за следната учебна година насоката не беше предвидена. Министерката рече дека целта е да се избегне хиперпродукција на кадар, иако посочи дека интересот не е голем.

„Лани се запишани осум ученици, не можеме да кажеме дека интересот е преголем. Затоа ќе се запишува секоја втора година, за да немаме хиперпродукција на кадри кои во иднина би имале проблем да го искажат својот талент. Насоката не се затвора, таа е отворена лани, следната година повторно ќе има прием на ученици, ако воопшто ги има“, изјави министерката Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерката информираше дека на Меѓународниот славјански универзитет се поништени две дипломи од прв и втор циклус студии на едно исто лице, поради сомнение за фалсификување. Лицето студирало на двата циклуси истовремено, а дипломите издадени во 2016 година го содржат новото име на државата Република Северна Македонија, иако тоа е усвоено во 2019 година.

Дополнително, со решение на Министерството денеска се поништени и осум дипломи од втор циклус на студии на Филозофскиот факултет, откако Државниот просветен инспекторат констатираше  незаконски упис на студентите. За двата случаja е известено Јавното обвинителство, кое треба да утврди дали има кривична одговорност.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Домаќинства без струја, затворени училишта, смртни случаи – Европа под топлотна купола, нов температурен бран во најава

Sasko Dimovski

Една шестина од населението во ЕУ се самци – извештај на Евростат

Sasko Dimovski

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе