Вести Македонија Топ вести

Кривична пријава за Костадин Костадинов и четворица вработени во општина Струмица – го прекршиле Законот за градење

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов и четворица вработени во општината е поднесена од страна на полицијата, бидејќи издале одобрение за реконструкција спротивно од одредбите на Законот за градење и ограничувањето на деталниот урбанистички план според кој на конкретната локација воопшто не бил предвидена градба.

Костадинов и службениците се гонат за „несовесно работење во службата“.

На една од вработените во Секторот за урбанизам дополнително на товар и се става и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Инвеститорот кој спротивно на ДУП-от изградил нов објект од втора категорија се гони за „бесправно градење“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе