Трojцa луѓе се обвинети, а едно лице се бара откако бугарската полиција откри плантажа со канабис во 20 подземни галерии во стар рудник за цинк, објавија бугарските медиуми.

Заменик-директорот на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал, Емил Борисов, изјави дека досега се запленети околу 70 килограми дрога, 600.000 евра во готово и 600 парчиња муниција.

-Поранешниот рудник бил опремен со високотехнолошка инфраструктура и веројатно се користел за производство на големо наменето за шверц во странство, рече Борисов.
За време на брифингот, заменик-градскиот обвинител Вихар Михаилов истакна дека во рудникот има повеќе од 20 галерии (тунели) и дека сопственикот не е меѓу обвинетите.



