Вести Македонија Најважни

Tврдеше дека е реинкарнација на желка и има имагинарен учител – осум години затвор за Штекли за трговија со дрога

Осум години казна затвор за Раде Трајковски Штекли за трговија со дрога, кокаин и марихуана. Останатите од неговата група Стефан Китанов, Александар Вучевски и Филип Таневски добија по пет години зад решетки, а Стојан Миланов – три години и 10 месеци. Судијата Илија Трпков, при изрекување на пресудата, порача дека кривичните дела поврзани со продажба на дрога имаат алармантен одѕив и мора има сериозен пристап во нивно откривање и превенирање, како и судска разрешница.

„Виновни се, затоа што во периодот од јануари 2024 година до јануари 2025 година на територија на Град Скопје, како повеќе лица, се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога, кокаин и марихуана и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале, посредувале неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога. Судот Раде Трајковски Штекли го осудува на казна затвор во траење од осум години во која му се засметува и времето поминато во притвор“, рече судијата Трпков.

Александар Новаковски, адвокатот на Трајковски Штекли, изјави дека здравствената состојба на неговиот клиент, кој тврдеше дека е психотичен и има имагинарен учител, влијаела на неговата одбрана.

„Казната не би сакал воопшто да ја коментирам во однос на основот и висината, но морам да кажам дека обвинетиот Раде Трајковски Штекли во целиот тек на постапката тешко ја следеше целата расправа и затоа тешко се обезбедуваа и докази кои одат во негова одбрана поради здравствената состојба“, изјави адвокатот.

Стефан Китанов, откако заврши судењето, се пожали дека одбил да се спогоди за казна затвор од три години бидејќи бил невин, а сега е осуден на пет. Срамота и нека му служи на честа на судот, дофрли Китанов. Обвинителката Бержетска Крстева изјави дека имало докази за неговата вмешаност.

„Можеби му била понудена помала санкција за време на спогодувањето. Овој обвинет има три точки на извршување на ова кривично дело со опис на конкретни дејствија. Тој за цело време на траење на постапката го потенцираше моментот дека нема комуникација со првообвинетиот, меѓутоа тој е во корелација директна и секојдневна за купопродажбата со двајца од обвинетите. Опис на ова кривично дело е состав во група без разлика дали се поврзани со првообвинетиот или не, затоа сметам дека таквите наводи се неоправдани“, рече обвинителката.

Останатите обвинети од групата на Штекли претходно се спогодија со обвинителството и добија казни од три до три и пол години. Четворицата, пак, на почетокот на судењето признаа вина и за нив беше раздвоена постапката.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе