Вести Свет Топ вести

Трамп и Путин разговарале за војните во Иран и Украина – рускиот претседател понудил помош со збогатениот ураниум на Иран

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека имал „многу добар“ телефонски разговор со неговиот руски колега, Владимир Путин, со посебен фокус за завршување на војните во Иран и Украина.

Шефот на руската држава ја понудил својата помош во однос на војната во Иран, конкретно во врска со збогатениот ураниум на исламската република.

Официјална Москва и претходно предложи да преземе контрола врз иранските резерви со збогатен ураниум, слично на улогата која руската федерација ја одигра во договорот од 2015-та година, познат како Заеднички сеопфатен акционен план за иранската нуклеарна програма.

„Тој би сакал да помогне. Му реков: пред да ми помогнеш мене, сакам да ја завршиш твојата војна,“ – изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба.

На прашањето, која војната очекува побргу да заврши, Трамп оцени дека според него двете војни се во слична временска рамка.

Повеќе зборувавме за војната во Украина, но тој би сакал да помогне (за Иран). Му реков, пред да ми помогнеш, сакам да ја завршам твојата војна. Имавме добар разговор, го познавам долго време. Мислам дека тој беше подготвен за договор уште пред некое време. Мислам дека некои луѓе му отежнаа да направи договор. Но повеќе зборувавме за Украина“ – одговори Трамп на новинарското прашање за содржината на телефонскиот разговор со Путин, кој според официјална Москва, траел речиси час и половина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пристигнуваат спасувачи во Венецуела- бројот на настрадани надмина 920 луѓе

Дејан Дејан

Потврден случај на „Денга треска“ кај 42-годишен маж од Бангладеш

Дејан Дејан

Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ со анализа за земјотресот во Венецуела – Земјотресите не можат да се предвидат, но последиците можат да се намалат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе