Кошарка Спорт

Трајс го шокираше ТФТ во финишот: Широки ја освои АБА 2

ТФТ загуби од Широки Брег во последните секунди од натпреварот и не успеа да избори мајсторка во финалето на АБА2 лигата. Тимот од Босна и Херцеговина со две победи се пласираше во елитното регионално натпреварување, а македонскиот претставник ќе има втора шанса за место во АБА-лигата преку баражот.

По слично сценарио како и на првата средба минатата недела во Широки Брег, и денеска во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, ТФТ го контролираше резултатот во најголем дел од натпреварот. Избраниците на Боро Смилковски водеа во три четвртини, но потклекнаа во последните 10 минути.

Широки во финишот поведе со 80-85, но ТФТ не се предаде. Домашниот тим направи серија од 6-0 и поведе со еден поен разлика на девет секунди до крајот. Херој за гостите беше Дмитрик Александер Трајс, кој погоди за два поени на четири секунди до крајот. ТФТ го имаше последниот напад, но Гордон не успеа да реализира, па конечниот резултат беше 86-87.

Трајс беше незадржлив во составот на Широки и натпреварот го заврши со 32 поени. Кај ТФТ, Дерин Ентони Говенс постигна 23 поени, Стенли Дејвис Џуниор додаде 19, а македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски уфрли 18 поени.

Со освојувањето на АБА2 лигата, Широки обезбеди место во АБА-лигата. ТФТ ќе има уште една шанса за влез во елитата, бидејќи ќе игра бараж против Борац, претпоследниот тим во АБА-лигата.

Фото: АБА лига/Драгана Стјепановиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе