Сан Антонио се пласираше во втората рунда од плеј-офот, Њујорк поведе против Атланта, додека Филаделфија славеше на гостувањето кај Бостон. Следува преглед на натпреварите одиграни утринава во НБА-лигата.
Сан Антонио го елиминираше Портланд со 4-1 во серијата, откако славеше со 114-95 на домашен терен. Целата стартна петорка на Спарс имаше двоцифрен учинок, а најефикасен беше Деарон Фокс со 21 поен. Виктор Вембањама запиша дабл-дабл од 17 поени и 14 скока, надополнет со шест блокади. Кај Портланд, Дени Авдија беше прв стрелец со 22 поени.
Њујорк поведе со 3-2 против Атланта по убедливата победа од 126-97 во „Медисон Сквер Гарден“. Џејлен Брансон блескаше со 39 поени, додека кај гостите Џејлен Џонсон забележа 18 поени и 10 скока. Следниот натпревар се игра во Атланта.
Филаделфија славеше на гостувањето кај Бостон со 113-97 и намали на 2-3 во серијата. Жоел Ембид со 33 поени беше лидер на Сиксерс, а Тајрис Макси додаде 25. Во редовите на Бостон, Џејсон Тејтум забележа дабл-дабл од 24 поени и 16 скока, додека Џејлен Браун постигна 22 поени. Следниот натпревар се игра во Филаделфија.
