Вести Економија Македонија

Презентирана т.н. „Бела книга“ на достигнувања на ЕВН Македонија и влијанието на компанијата во економијата, енергетиката и општеството во последните 20 години

„Бела книга“ на достигнувања е заедничко име на двете студии на Економскиот факултет и на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ за влијанието на ЕВН Македонија во националната економија и енергетика, како и општеството во целина во последните 20 години. Публикацијата беше презентирана денеска во Скопје во присуството на високи владини функционери, претставници на институциите и академската фела, деловни партнери и соработници. „Бела книга“ нуди јасен и структуиран увид во трансформацијата на енергетскиот систем, како и улогата на влијанието на компанијата врз економскиот и општествениот развој во периодот од 2006 до 2026 година.

„ЕВН Македонија до крајот на 2026 заокружува инвестиции во вредност од 837,46 милиони евра, генерирајќи 1,4% ефект врз БДП, 95 милиони евра директен придонес, 150 милиони евра годишен економски ефект и 28 милиони евра фискален придонес. Во студијата се потенцира дека целосната добивка на компанијата низ целиот овој период е реинвестирана во македонската економија, наспроти просекот на странските компании кои дури 70% од добивката ја трансферираат надвор од земјата“, се наведува во соопштенито на ЕВН Македонија, согласно наодите на студијата.

Компанијата посочува дека има 928.000 корисници и континуирано инвестира во унапредување на корисничкото искуство. Покрај 19-те Кориснички енергоцентри низ државата, компанијата располага со 24/7 контакт центар и е-платформи со целосно дигитализирани кориснички и технички услуги.

„Во изминатите две децении, модернизацијата на дистрибутивната мрежа и зелената транзиција претставуваат едни од најзначајните столбови на развојот на ЕВН Македонија. Реализиран е обемен инвестициски циклус со изградба на 5.561 км. нова и реконструкција на 3.056 км. постојна мрежа, како и со 1.368 новоизградени и 1.761 модернизирани трафостаници. Овие инвестиции резултираа со значително унапредување на ефикасноста и сигурноста на системот, при што загубите во мрежата се намалени од 24% на 14%“, соопштуваат од ЕВН Македонија.

Во делот на обновливите извори на енергија, наведуваат од комапнијата, ревитализирани се 11 мали хидроцентрали со вкупен капацитет од 47 MW и годишно производство од 140 GWh. Изградени се девет фотоволтаични централи со капацитет од 33 MW и производство од 46 GWh. Реализиран е батериски систем со капацитет од 10 MW/20 MWh со дополнителна надградба од уште 20 MWh, а воспоставени се и 120 места за полнење во рамки на проектот за електромобилност.

Во студијата е наведено дека компанијата, преку своето работење, директно и индиректно поддржува 3.918 работни места, останувајќи посветена на развојот на вработените и општествениот развој, со овозможување на обуки, едукативни кампањи за енергетска ефикасност, волонтерски акции, како и стипендии и дуално образование. Поддршката на општествени проекти и иницијативи останува важен дел од корпоративната одговорност.

„Во изминатите 20 години, компанијата беше целосно посветена на стратешкиот енергетски развој, давајќи притоа значаен придонес во јакнењето на националната економија, унапредувањето на условите за бизнис-заедницата и модернизацијата на енергетската инфраструктура. По 20 години работа, значајни инвестиции и силни партнерства, ЕВН Македонија ја продолжува својата јасна и долгорочна визија за модерна, стабилна и одржлива енергетска иднина во земјата“, се вели во дописот на компанијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Дејан Дејан

Сончево и топло – Временска прогноза за 21.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе