Вести Македонија

Претседателот на Швајцарија во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој престојува во официјална посета на земјав.

Посетата е придружена со највисоки државни и воени почести на свечена церемонија во Кабинетот на претседателот. По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на двете делегации.

По разговорите, Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција за медиумите. Во рамки на посетата, швајцарскиот претседател ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, како дел од протоколарната програма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утрово на грчката граница се чекало и до три часа

Tea Dimkovska

Телма сторија – Отворени истраги и активни судења за сообраќајни незгоди

Tea Dimkovska

Од пожар до свлечиште: Колку се безбедни градилиштата во Скопје?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе