На 17-ти ноември 2024-та, Муамед Сејдини даде оставка од функцијата претседател на Фудбалската Федерација на Македонија.
-После седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на ФФМ. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Ја напуштам оваа позиција со гордост, напиша тогаш на ФБ, Сејдини.
Замина со оставка по бунт во управниот одбор на ФФМ, замина со гордост и нотирање дека неговото претседателство било најуспешен период во историјата на нашиот фудбал. 17 месеци по оставката, Муамед Сејдини заврши во притвор.
Приведен е во Кичево, осомничен за злоупотреби со пари наменети за изградба на трибина на стадионот Билјанини извори во Охрид. По историскиот успех на македонската репрезентација и прв пласман на Европското Првенство кое се одржа во 2021-ва, Сејдини познат и по прекарот Мети во гостување на ТОП ТЕМА, на Телма објаснуваше дека не е работа на Федерацијата да инвестира и да гради и реновира стадиони.
Иако не е градежна компанија, ФФМ добиваше пари од УЕФА за проекти поврзани токму со изградба на нови трибини, терени и стадионска инфраструктура. Програмата на УЕФА се викаше „HatTrick VI”, а со дел од парите на организацијата требало да се изгради нова трибина на охридскиот стадион.
Ден откако ја поднесе оставката на позицијата-претседател на ФФМ, во понеделник, на 18-ти ноември 2024-та година, Федерацијата го почнува проектот за Билјанини извори. До три фирми испраќа барање да достават план и цена за трибината во Охрид. Последен рок за доставување на понуди бил петок, 22-ри ноември. Или една работна недела. Енерго инвест го испраќа проектот во експресен рок После следува викенд, веднаш била завршена евалуација и потврдена на 25-ти ноември со што проектот е деделен за 3,3 милион евра. Експресната постапка оди преку Комитетот за итност на ФФМ.
Откако се завршени сите процедури, Сејдини го потпишува договорот на 17-ти декември 2024-та. Воведува нов услов, дека фирмата треба да добие аванс од 20% или 660 илјади евра. Парите се исплатени веднаш. Пет дена подоцна, Сејдини завршува со функцијата и на егово место е избран Масар Омерагиќ.
Во еден месец и една недела, меѓу денот кога ја поднесува оставката и денот кога е избран неговиот наследник, трибината за охридската трибина не е единствен договор на претседателот во заминување, за исплата на пари на УЕФА и ФФМ. За еден месец биле потрошени 5 милиони евра наменети за инвестиции на ФФМ до 2028-ма година.
Масовното трошење на заминување, завршува со пријава за Сејдини. Тој е осомничен за дело „проневера во службата“ со значителна имотна корист за што според Кривичниот законик објавен на сајтот на Обвинителството, минималната затворска казна е 4 години, а максимална не е предвидена и може да оди до 20 години затвор.
„Испумпувана“ вода од под стадион иако немало вода
Но, не е само стадионот Билјанини извори, исплати и сомнежи имало и за други проекти со стадиони и фудбалска инфраструктура, во мандатот на Сејдини. Втор проект од проектот хеттрик 6 на УЕФА е изградба на трибина на стадионот во Кичево, непосредно пред да поднесе оставка за стадионот во својот роден град, Сејдини потпишува исплата на половина милион евра на фирмата Енергоинвест, истата ангажирана и во Охрид. Целиот проект чинел 1,2 милиони евра, но ден пред ада си ја поднесе оставката Сејдини на фирмата и исплатил аванс за испумпување на вода од стадионскиот комплекс.
Според геомеханичкиот проект за изградба на кичевската трибина било утврдено дека нема опасности од подземни води што значи дека нема потреба од испумпување. Парите се исплатени, а проектот е целосно стопиран по промената на раководството на ФФМ.
Стадионот во Велес исто така требаше да се реновира, но по градежните работи за него воопшто не е одобрен технички прием на објектот. Проектот чинел 400 илјади евра, а на собранието на ФФМ во 2021-ва, Сејдини го спомнуваше во својот претседателски говор.
Во говорот спомнува одговорност за да нема злоупотреби, а парите за стадионот во Велес се потрошени ама проектот не беше технички примен во негов мандат. Новото раководство барало информации од изведувачот, но и по неколку ургенции не го добиле Изведбениот проект на стадионот- за да се утврди што и колку е направено.
Куќа на уметноста во Кнежино, кичевско
Во случаите поврзани со него, многу се слушаше за Хотелот куќа на уметноста кој се наоѓа во кичевското село Кнежино. Објектот бил граден и бил во сопственост на фирмата Тајмиште која беше во стечај и пропадна. Сега, сопственик на фирмата и тој објект е извесен Кујтим Сула. Сула, според информациите на КОД е зет на Сејдини. А објектот ја менува сопственоста за време на мандатот на Сејдини како претседател на ФФМ.
Куќата на уметноста како објект била градена од рударската компанија Тајмиште, но таа оди во стечај. Во 2020-тата година, во време на корона кризата, тој објект е продаден во рамки на стечајната постапка. Тогаш официјално се нарекува Хотел-куќа на уметноста и е во сопственост на истоимена фирма заведена во Централниот регистар на 1-ви јули 2020-тата година. Според официјалните податоци, сопственици на фирмата тогаш биле Никола Зердески и Зафир Петрески и имале по половина од сопственоста. Управител е Зердески, кој е поранешен фудбалер, кичевчанец, но и вработен во Фудбалската Федерација.
Во тој период, серија банкарски трансакции, кредити и позајмици биле сомнителни откако преку системот за алармирање во Финансиското разузнавање, од страна на банки биле добиени повеќе информации за поврзани трансакции изведени во многу кус период. За откритието биле известени надлежните органи за истражување и проверка на трансакциите.
Според податоци на КОД, серијата трансакции почнала со уплата на 200 илјади евра од ФФМ со потпис на Сејдини, на фирмата Енергоинвест за изградба на инфраструктура на стадионот во Кавадарци. Во истиот тој временски период, пак на Сејдини му бил одобрен кредит. Откако Енерго инвест ги добил тие 200 илјади евра, на иста сума е извршена позајмица на една фирма во Македонија. Веднаш потоа, иста сума како позајмица од таа фирма оди кон втора фирма, и повторно кругот продолжува кон трета фирма. Тука текот на парите застанал туку поселдната фирма дава позајмица на физичко лице, кое истата сума ја позајмува на наредно физичко лице. Последниот во низата, истата сума ја префрла за купување на имотот на Куќата на уметноста.
На крај, лицето кое го купува хотелот всушност станува дел од сопственичката структура на Куќата на уметноста. Целиот круг на трансакции бил сомнителен и веднаш преку модерните софтверски програми го алармира и банките преку кои оделе трансакциите, но и Управата за финансиското разузнавање. Но, до ден денес нема конкретни резултати од истрагата која била отворена во 2020-тата година, поради што постојат сомнежи дека предметот бил криен.
Предизборен подарок
Сопственоста на Куќата на уметноста преоѓа во рацете на зетот на Муамед Сејдини, во 2024-тата на почетокот на април, еден месец пред парламентарните избори и промената на власта. Нов сопственик, според информациите на КОД добива половина од сопственоста како подарок преку нотарски договор. Како нов сопственик на Куќата на уметноста во централниот регистар е впишан Кујтим Сула, зет на Сејдини.
Иако во името, хотелот ја има уметноста, а не фудбалот, сепак тој објект стана познат како место каде што младинските репрезентации со пари од ФФМ често имале кампови и подготовки. ФФМ, според информациите на КОД, во мандатот на Сејдини има исплатено над милион евра за сместување на фудбалерите младинци во хотел кој сега како подарок е сопственост на зетот на Сејдини.
Бидејќи нема терени и услови за тренирање, фудбалерите таму спиеле, а биле носени на тренинг во Кичево на стадионот кој се уште не е реновиран бидејќи проектот е стопиран поради сомнежи за злоупотреби при проектот вреден околу 1,2 милиони евра, пари добиени од УЕФА.
Миомир Серафиновиќ
Емисијата, премиерно беше прикажана на ТВ Телма на 26.04.2026.
