Вести Економија Топ вести

Револт кон УЈП: Не смее да се плаќа данок двапати, студенти и работници од Авганистан на нов протест

Нов протест на студентите кои работат во Германија и САД и работниците од Авганистан и Ирак. Овој пат револтот од УЈП од каде бараат да платата данок за парите заработени во странство го изразија пред Собранието. Тврдат дека до даночните службеници доставиле докази дека платиле данок во земјата каде работат долги години, но не им биле прифатени. И предложија на Владата ако им требаат пари за полнење на буџетот да ги скратат непродуктивните трошоци.

  • Доколку на оваа Влада и се потребни пари нека ги скратат со нова фискална политика непродуктивните трошоци. Нека не земаат пари од младите летно време заминуваат во странство да заработат некој денар и тие пари ги носат во Македонија ги трошат овде и на тие пари е платен ДДВ и не смее да се наплаќа данок на студенти- Рашков Стојан – Work and travel alumni.
  • Сите наши фирми каде што сме работеле имаат платен данок во тие држави, неколку фирми ни доставија доказ издадено од ирачко даночно одделение. Тој доказ е доставен до УЈП имаме одговор од нив дека не е валиден и дека се уште е на разгледување- Зоран  работник од Ирак.

Тврдат дека во Авганистан и Ирак работат повеќе од 20 години и до сега неколку пати се обратиле до УЈП дали треба нешто да платат. Од таму им одговориле дека не се даночни резиденти. Најверојатно ќе ја тужат и Управата.

  • Сите ние што сме работеле на тие проекти сме биле под ИСАФ, во Авганистан и во Ирак и во Европа под тој договор. Во тој договор членот 5 вели дека сите се ослободени од данок значи цивилите кои работат и луѓето кои се во униформа- Жикица Миланов- потпретседател на здружението правда за сите 2026.

Проблемот дојде и до народниот правобранител до кој стигнале 20 жалби и каде констатирале дека ненавременото информирање на овие луѓе е неоправдано префрлање на последиците од неактивноста на органите.

Од УЈП пак до сега неколку пати посочија дека станува збор за спроведување на закон кој одамна постои, нема двојно оданочување ниту пак се собираат пари во државната каса. Според, нивните податоци над 8000 лица се регистрирани дека имале остварено приходи во странство во 2021 година.

Ирена Чачкова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе