Вести Македонија Најважни

Акција на МВР и ФБИ- откриен нелегален онлајн пазар во Голема Речица

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“.

Според обезбедените сознанија, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет домени и содржел детална база на компромитирани лични податоци за регистрација на сметки на клиенти и продавачи, при што биле евидентирани над 2.600 кориснички сметки и над 1.500 сметки на продавачи.

Вкупната продажна вредност на артиклите надминува 500.000 американски долари.

Од МВР информираат дека, врз основа на судска наредба издадена од Основниот суд во Тетово, бил извршен претрес кај осомничените А.Е. (20) и А.И. (23), македонски државјани.

За време на претресот тие биле затекнати на лице место, а полицијата одзела десктоп компјутери, лаптопи и мобилни телефони, кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа и доказна постапка.

Двете лица се лишени од слобода, а Секторот за компјутерски криминал продолжува со активности за целосно расчистување на случајот, идентификација на сите инволвирани лица и обезбедување дополнителни докази согласно законските процедури.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конзорциум предводен од „Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје–Блаце

Tea Dimkovska

Триесетина доброволци пожарникари две години им помагаат на професионалците пожарникари при гаснењето на пожарите на непристапните терени

Tea Dimkovska

Битолчанец 6 месеци силувал 12 годишно девојче – обвинителството бара притвор 

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе