Без измена на уставот, не може да има измени на законот за пратеници во кој се поставува услов пратеник да може да биде само лице со исклучиво македонско државјанство, порача Сали Мурати, од коалицијата предводена од ДУИ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Мислам дека целта е повеќе популизам, дека нема да пристапат кон измени и дополнувања. Така чувствувам. И да се донесат, Уставниот суд има елементи за интервенција“, нагласи Мурати.
С.Д.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
