Доналд Трамп повтори дека сад ги имаат „сите карти“ и дека иранските претставници „можат да дојдат кај нив“ или „да им се јават“, откако американскиот претседател го откажа испраќањето претставници на разговорите со Иран.
Во интервју за Fox news channel, Tрамп рече дека тој ја донел таа одлука, наместо да испрати делегација на 17-часовен лет.
–Па, ги повикав назад, нашите луѓе. Летот трае околу 17 часа. Имаме голема почит кон фелдмаршалот на Пакистан и кон премиерот на Пакистан. Тие се одлични луѓе. Навистина се добри. Но, знаете, тоа е лет од 17 до 18 часа. Реков, кога ќе се одржи овој состанок? И требаше да биде во вторник, а беше сабота. И тие заминуваат, знаете, и додека стигнат таму, летаат со часови и часови. И реков, повеќе нема да го правиме ова. Ги Имаме сите карти. Ако сакаат да разговараат, можат да дојдат кај нас или можат да ни се јават. Знаете, има телефон.“Изјави Трамп.
