Судењето за пожарот во „Пулс“ во кој загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени, утре влегува во нова фаза. Според најавите од обвинителството, завршуваат сведоците и обвинителите ќе почнат да изведуваат материјални докази. Први на списокот се обдукционите протоколи, а потоа и вештаците од Судска медицина ќе бидат повикани во судницата во Идризово да одговраат на прашањата. Овие докази треба дадат одговор на многу дилеми во јавноста, не само за последиците, туку и за причините кои довеле до нив, рекоа од обвинителството на денешниот брифинг.
Колку време ќе трае изведувањето на доказите, од обвинителството велат е наблагодарно да се каже. Тоа зависи од одбраната, но и од ставот на судот кој е арбитар во постапката. Но, обвинителите планираат да даваат и објаснување за докзите на кои околности се однесуваат.
Во однос на видета, обвинителството ќе предложи во судницата да се гледаат секвенци од снимките кои се поврзани со обвинението. Тоа не значи дека ќе биде оневозможена одбраната да предложи конкретно друг дел да биде прикажан, беше кажано на брифингот.
Обвинителството не ја исклучува можноста да бара исклучување на јавноста во одредени делови, доколку се процени дека изнесената содржина ќе биде деградирачка за жртвите.
Триесет и петмина обвинети и три фирми одговараат за тешки дела против општата сигурност од сопственикот на „Пулс“ и обезбедувачите до поранешни министри за економија, инспектори и директори.
Од обвинителството велат дека во обвинението има дистинкција меѓу активно и пасивно дејствие. Не само пожарот, туку интеракцијата меѓу преполнетоста, вградените материјали, но и неможноста за евакуцација од „Пулс“ заедно придонеле до последицата.
За утрешното рочиште се повикани уште тројца сведоци по што почнува изведувањето на докази. Досега беа сослушани над 30 сведоци.
Елена Ивановска Мукоска
