Ќе прекинеме со контрола врз Ормускиот Теснец во замена за укинување на блокадата на САД и крај на војната, во подоцнежната фаза ќе разговараме и за нуклеарната програма. Ова е предлогот на Иран за САД кој го споделија двајца високи регионални претставници. Понудата на Техеран за Вашингтон ја пренеле пакистанските дипломати, пренесува АП.
На сила моментно е примирје што е кревко. Иран и САД се наоѓаат во пат позиција за теснецот низ кој во мирновременски услови минува петина од светска трговија со нафта. Блокадата на САД е замислена за спречување на Иран да продава нафта и на тој начин да ги лиши властите во Техеран од клучни приходи. Но, создаде и потенцијална ситуација во која Иран ќе мора да го запре сопственото производство, бидејчи нема толкав капацитет за нејзино складирање.
Предлогот на Иран доаѓа и во момент на посета на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на Москва, долгогодишен сојузник на Техеран.
