Вести Македонија Најважни

Градилиштето во Расадник затворено, кипери дотураат земја за да се спречи штета на околни објекти

Градилиштето во Расадник каде минатата недела загина еден работник  е затворено додека не заврши истрагата а во меѓувреме единствено што може да се работи е да се санира штетата и опасноста по околните објекти од лизгањето на земјата.

Утрово општинскиот градежен инспектор ја издал забраната за градежни активности, односно изградба на станбената зграда а градоначалничката вели дека таа ќе биде на сила додека не заврши истрагата на обвинителството. Таа додаде дека од почеток на изведување на работите градежниот инспектор не го посетил градилиштето бидејќи таму имало ископ на јама, а не градежни активности.

„Градежниот инспектор во соработка со надлежните институции кои се задолжени да ја вршат целосната истрага за овој немил настан издал забрана со која не е  дозволено да се продолжи со изградба на објектот за кој што е издадени одобрение туку само санација и консолидација на теренот. Единствено што можам да кажам според моите информации е дека имало комуникација но како должност на градежниот инспектор е да се појават кога ќе се појават интензивни градежни активности“ рече Бети Стаменкоска Трајкоска, градоначалник на Општина Кисела Вода

Денес на градилиштето багер и кипер вршеа дотур на земја во делот каде што е опасноста по соседната куќа чија статика е нарушена. Според најавеното санирањето ќе заврши во наредните три дена а ќе се работи и покрај темелите на соседната станбена зграда.

Од Трудовиот инепкторат велат дека фирмата изведувач доставила план  со кој ќе се санира штетата предизвикана на соседниот објект.

Работникот кој имаше скршеници на нозете е стабилен и свесен, преместен е од КАРИЛ на одделението за трауматологија  и до крајот на неделава ќе биде пуштен на домашно лекување.

Трагичниот настан се случи во петокот околу 8.30 часот на градилиштето на улицата Којзак во населбата Расадник кога земја затрупа неколку работници, а триесет и четиригодишен жител на Крива Паланка настрада. Според првичниот записник вината се лоцира во непреземени колективни  мерки за безбедност и здравје при работа бидејќи немало заштита на темелната јама од обрушување на земјиштето.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе