Вести Македонија Најважни

Девет години од насилниот упад во Собранието – Ченто со кривична за Русковска, за опозицијата тоа е обид за срамна рехабилитација на насилниците

Девет години по настаните во Собранието на 27 април 2017 година за СДСМ е најцрниот ден во историјата на македонската демократија. За премиерот Христијан Мицкоски тоа е политички монтиран случај од страна на претходната Влада.

Апелациониот суд пак минатата недела го одби барањето за повторно судење. Осудените во минаттите години обвинуваа за политички прогон и монтиран процес. Од СДСМ порачуваат дека 27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија.

  • „Денешниот премиер, Христијан Мицкоски, тој ден беше пред Собранието. Девет години подоцна, наместо целосна правда – сведоци сме на обиди за срамна рехабилитација на насилниците. По доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт, осудени лица за 27 април се пуштаат од затвор со само еден потпис“ – Богаданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Мицкоски пак изјави дека невини луѓе биле прогласени за терористи, иако направиле само одредени прекршоци за кои требало да одговараат.

Според него, и самите обвинители, судии во тој период сведочеле за наместени постапки, притисоци и уцени во правосудниот систем.

Јане Ченто, еден од осудените за 27 април денеска поднесе кривична пријава против поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска за попречување на правдата и за злоупотреба на службената положба.

Како доказ обезбедиле изјава од еден од сведоците заверена на нотар дека дал лажен исказ во постапката.

  • „Кога имате заверени искази на нотар, кога се признава дека лажно се сведочело и кога имате јавно признание за притисок врз судија поротник тогаш ова не е веќе политичка тема. Ова не е обичен случај, ова е случај во кој имаме основано сомнение дека се користеа незаконити докази се вршеше притисок врз сведоци и се донесе пресуда врз основа на монтирана постапка“ – Јане Ченто.

За „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ беа осудени 16 лица на казни од 7 до 16 години затвор. Откако мнозинството пратеници го избраа тој 27 април за претседател на Собранието, Талат Џафери, толпа на луѓе, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ упаднаа во Собранието, а притоа беа нападнати пратеници на СДСМ и ДУИ.

Марија Митевска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе