Вести Македонија

АРМ претстави дел од новите возила и опрема на вежбата „Блесок 2026“

Македонските војници и офицери за крај на вежбата Блесок 26 пред врховната командантка, ресорниот министер и дипломатските гости покажаа зошто добија позитивна оценка од НАТО за декларираната единица на АРМ. Ако во НАТО го вреднуваат трудот според воспоставените критериуми тогаш истиот однос треба да го добиеме и од Европската Унија, рече претседателката Силјановска која рече дека се слушнала со победникот на бугарските избори, доскорешен нејзин колега Румен Радев, но за него е прашањето каков ќе биде неговиот и бугарскиот иден однос кон Македонија.

„Клучните документи на ЕУ бараат почитување на националните и културните идентитети, почитување на дигнитетот и интегритетот, молам компатибилност на стандардите. Впрочем, не случајно во рамките на НАТО, ние сме високо профилирани иако сме мала држава. Посакувам доколку сме  подведени под стандарди кои важат за сите да ја докажеме и нашата компатибилност со европските политички системи и со стандардите на ЕУ “,  рече  Гордана Силјановска Давкова, претседателка на РСМ.

Армиската вежба Блесок заврши успешно по 12 дена.

„Во прав и во суровите услови на полигонот Криволак припдниците на АРМ повторно се покажаа, ги исполнија барањата на Алијансата и ги добија потребните оценки. За крај на вежбата „Блесок 2026“ беше спроведена операцијата „Воведување во офанзивни дејности на лесна пешадиска батаљонска група“, извести новинарот на Телма Миомир Серафиновиќ.

Со вежбата, армијата покажа и дел од новата опрема. Ги употреби новите возила и новокупената артилерија.

„Инвестираме многу во ново лично вооружување, во нови напредни капацитети, во силна сајбер одбрана, во нови оклопни возила и инженерски машини, беспилотни летала итн. За сето ова имаме план и силна поддршка од претседателката, и од Владата за што сум неизмерно благодарен“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски.

На вежбата Блесок 26 во Криволак учествуваа над 1.500 војници.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец бил пресретнат со три возила, претепан и однесен во Шишево

Tea Dimkovska

Франција под засилени безбедносни мерки пред Самитот на Г7 

Tea Dimkovska

Тешка сообраќајка кај Љуботен – Повредени седум лица, меѓу нив и четири деца

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе