Претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп беа итно изнесени од вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон од страна на агенти на Тајната служба, откако маж отвори оган врз безбедносните лица во близина.
Снимките беа објавени од претседателот Трамп на Truth Social, а на нив се гледа како едно лице трча кон безбедносниот контролен пункт и пука кон нив, додека безбедносните лица се изненадени и неподготвени брзо да го извадат оружјето.
Еден агент беше погоден но куршумот завршил во неговиот панцир и тој е во добра состојба.
Според американските медиуми биле испукани од 5 до 8 куршуми.
Кој е Кол Томас Ален кој пукаше на вечерата на дописници во Белата куќа
