Претседателот на САД Доналд Трамп беше евакуиран од вечерата на дописниците од Белата куќа по пукањето пред балската сала на хотелот „Вашингтон Хилтон“.
Претседателот, првата дама Меланија Трамп и членовите на неговиот кабинет не се повредени во инцидентот. Осомничениот е во притвор, соопштија официјални лица.
Евакуацијата се случи кратко по 20:30 часот по источно време откако истрели од огнено оружје ги принудија присутните да трчаат и да се кријат под масите.

На вечерата организирана за дописниците од Белата куќа, покрај претседателот и првата дама на САД, присуствуваа и потпретседателот Џ.Д.Венс, сите членови на кабинетот, секретарот за финансии, вршителот на должноста државен обвинител, лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом, стотици медиумски личности и владини претставници.
Според сведоштва на присутните, осомничениот бил совладан за 90 секунди.
