Вести Најважни Свет

Трамп, првата дама Меланија и потпретседателот Вејнс евaкуирани од вечерата на дописниците од Белата куќа

Претседателот на САД Доналд Трамп беше евакуиран од вечерата на дописниците од Белата куќа по пукањето пред балската сала на хотелот „Вашингтон Хилтон“.

Претседателот, првата дама Меланија Трамп и членовите на неговиот кабинет не се повредени во инцидентот. Осомничениот е во притвор, соопштија официјални лица.

Евакуацијата се случи кратко по 20:30 часот по источно време откако истрели од огнено оружје ги принудија присутните да трчаат и да се кријат под масите.

 

На вечерата организирана за дописниците од Белата куќа, покрај претседателот и првата дама на САД, присуствуваа и потпретседателот Џ.Д.Венс, сите членови на кабинетот, секретарот за финансии, вршителот на должноста државен обвинител,  лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом, стотици медиумски личности и владини претставници.

Според сведоштва на присутните, осомничениот бил совладан за 90 секунди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

1.430 загинати најнов билан на жртвите во земјотресот во Венецуела – 72-часовниот прозорец се ближи кон крајот

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

(видео)„Kако ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите“, прашаа родителите на денешниот 46. „Марш на ангелите“ во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе