Нови возила и современа заштитна опрема добија пожирникарите од Штип, Радовиш, Неготино и Конче. Донацијата е од Соединетите американски држави (САД), а новата опрема ќе овозможи побрзи, побезбедни интервенции за пожарникарите, кои секое лето се борат со пламените јазици низ македонските шуми.
Партнерството е во срцето на она што нѐ обединува нас. САД се горди што стојат заедно со Северна Македонија, додека ги зајакнувате капацитетите за одговор при катастрофи. Работејќи заедно на национално и локално ниво, градиме побезбедени и поотпорни заедници за сите, изјави в.д. амбасадорката на САД во Македонија, Никол Варнс.
Американскиот народ не донира прв пат за македонските пожарникари, токму лани квалитетната заштитна опрема која ја добија пожарникарите од Штип и Кочани ги спаси при големиот пожар во виничката фабрика Винчини.
Градоначалниците велат дека секое вложување во опрема и обука на пожарникарите се важни за ефикасна интервенција на терен.
Лани низ македонските шуми се регистрирани 200 пожари, а Македонски шуми штетата ја проценува на 50 милиони евра.
Викторија Димитрова Јованова
