Трговскиот центар „Сити мол“ беше евакуиран по добиена дојава за поставена електронска направа. Пријавата е стигната на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи.
По направените проверки од страна на полициски службеници утврдено е дека станува збор за лажна дојава.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби, информираа од мвр.
